Регистриран прв случај на индиски сој на ковид-19 во Велес

Објавено на 6 јули, 2021 во 11:32

Во текот на вчерашниот ден кај велешанец детектиран е индискиот сој на коронавирусот. Тој има лесна клиничка слика, повтрди министерот за здравство, Венко Филипче.

– Во моментов во земјава досега со делта сојот се заразени 4 пациенти, а за уште четворица се чекаат резултатите. Тие се од Скопје и само еден од нив е во тешка состојба, приклучен на респираторна машина. Не станува збор за поврзани случаи, туку  лицата не биле вакцинирани“, рече Филипче при посетата на Клиниката за гинекологија.

-На инфективно одделение во ЈЗУ „Општа Болница“ Велес хоспитализиран е пациент на 43 годишна возраст позитивен на Ковид 19 кај кој е докажан делта сојот. Истиот пациент е вратен од Англија пред две недели,  а хоспитализиран 7 дена во нашата болница. Пациентот е со полесна клиничка слика и  не е на кислородна поддршка, рече Д-р Елеонора Јованова, потпарол на велешката болница.

Филипче додаде дека до следната недела Комисијата за заразни болсети ќе завземе став околу можни реципроцитетни мерки на граничните премини за барање ПЦР тест од земјите каде што има делта-вирус.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.