Лекарски совети: Во лето, не правете ги овие пет грешки!
Tоплината предизвикува бројни здравствени проблеми кои можат сериозно да се комплицираат.
Посебна претпазливост се препорачува за хронични пациенти, но лекарите предупредуваат дека срцев удар или мозочен удар демне кај млади, здрави луѓе доколку направат некоја од овие грешки.
Не правете ги овие работи кога е топло, ризикувате топлотен удар, колапс или проблеми со срцето и крвните садови!
Пиете погрешен пијалок?
Газирани, засладени пијалоци во никој случај не треба да се пијат кога е топло. Кафето е опасно затоа што со него внесувате течности, но бидејќи е диуретик, веднаш ќе го исфрлите.
Пиете премногу ладно?
Телото има потреба од течност што ја губи преку потење, а не од ледениот шок што си го подготвуваме со вода од фрижидерот. Пијте течност од собна температура, или малку разладена, во спротивно правите премногу разлика во температура што може да му наштети на вашиот организам.
Климата ја поставивте на максимум?
Разликата во температурата не треба да надминува десет степени, по можност уште помалку. Климата поставена на максимум, во просторијата или во автомобилот, значително ќе ги оптовари крвните садови веднаш штом ќе треба да излеземе надвор. Ова е особено опасно за крвните садови.
Јадете погрешна храна?
Јадете зеленчук и посно месо за време на топлите денови, солената или зачинета храна ќе му наштети на организмот. Солта не прави да бидеме уште пожедни, а од зачинета храна ќе се чувствуваме уште потопло. Зеленчукот и овошјето, од друга страна, го хидрираат организмот и не предизвикуваат дигестивни проблеми.
Пиете алкохол?
Никогаш не консумирајте алкохолни пијалоци кога е топло, бидејќи ризикувате колапс, дехидрираност и топлотен удар.