Прославите причина за зголемениот број на ковид болни во Тетово

Објавено на 14 јули, 2021 во 09:35

Половина од новозаразените со ковид-19 се од Тетово.Од Министертсвото за здравство велат дека ја следат епидемиолошката состојба во Тетово, но дека имаат проблем затоа што заразените не даваат податоци за контактите.

-Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, за да може да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки. Министерството за здравство апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, велат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.