Брчков од Златибор: Презадоволни сме од условите и подготовките, ново е што преговараме со двајца потенцијални фудбалери на ФК„Борец“

Објавено на 15 јули, 2021 во 18:42
Фудбалерите на ФК„Борец“ на подготовки на Златибор

Фудбалерите на „Борец“  на подготовките во Златибор на првиот контролен меч одиграа нерешено 2:2 со екипата на „Младост“ од НовиСад. Натпреварот го започнаа фудбалерите на Рниќ,  Раѓен, Стоменовски, Ефтимов, Манасиев, Ѓоргиевски, Николовски, Зарате, Љума, Ѓоргиев и Талески.

Тренерот Христов шанса им даде и на Јолдашев, Трајковски, Ибрахимовиќ, Реџепи, Манасиевски, Даци, Алиев, Поповски и Ракиџиев.

Головите за Борец ги постигнаа Ефтимов и Ѓоргиев.

Владимир Брчков

Сопственикот на клубот, поранешниот кошаркарски репрезентативец Владимир Брчков, од Златибор за Дума.мк изјави:

-Екипата има феноменални услови, од спортските терени до сместувањето. Се функционира беспрекорно и задоволството кај играчите и стручниот штаб е на највисоко ниво. Задоволен сум од севкупниот амбиент и односот на играчите. На првата контролна средба одигравме добро. Иако натпреварот заврши нерешено игравме допадлив фудбал. Се чувствува  дека составот е речиси комплетно променет и ке треба време да се уигра. Кога сме кај тимот имаме новина, преговараме со два играча по еден од Бразил и Нигерија. Тренерот Христов ке се одлучи за еден од нив, рече Брчков

Следната контролна средба е договорена со екипата на ФК„Инџија“ и ќе се одигра на 20 јули.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.