МОН: Рокот за продолжување на правото на ученичка стипендија е до 30 септември
Се известуваат сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува од 01.09.2021 и трае до 30.09.2021 година, соопштија од МОН.
-Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидителство. Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку ученикот не е во можност да достави електронски, документите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта, препорачана пратка со повратница, на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството, информираат од МОН.