Од удар од гром загина 25-годишно момче од Тетовско

Објавено на 19 јули, 2021 во 12:44

Вчера , 18 јули,  во 19 часот и 25 минути во Сектор за внатрешни работи Тетово, било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром.  Смрт констатирал лекар по судска медицина,  увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството, стои во во полицискиот билтен.

Вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче“ откако горм удрил на неколку метри од брегот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.