Тешко повреден маж што падна од мопед вчеравечер во Велес

Објавено на 3 август, 2021 во 11:23

Седумдесет и осум годишениот Ѓ.Р, вчера околу 19:00 часот, управувајќи мопед „апн4“ со велешки регистарски ознаки, на улица „Вардарска“ во Велес, излетал од коловозот . Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди кои биле констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес.

-Пациентот со Итна Медицинска помош веднаш беше пренесен на хирушкото одделение. Тој се здобил со фрактура на лицеви коски и десна потколеница. Во текот на вчерашниот ден извршени му се две операции и пациентот е задржан на болничко лекување, соопшти портпаролката на велешката болница, Елеонора Јованова.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека вчера на местото на незгодата бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Велес.  

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.