Од вечерва локален пороен дожд и засилен ветер
Објавено на 5 август, 2021 во 09:20
Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер, над 80 км/час и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 9.
Утре не очекува променливо облачно и посвежо, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8 и температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.