Нестабилно време, дожд, грмежи и невреме во Македонија

Објавено: 2 јуни, 2026, во 08:43 часот

„Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, од денес 2 јуни до четврток 4 јуни, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално и повремено атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Повремено ќе дува засилен ветер од западен правец. За време на погоре споменатиот период лоално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).

Во Скопје  и околината, исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степени.  Пониски температури и малку посвежо време ќе имаме во четврток, од 22 до 28 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.