По синоќешното локализирање на пожарот во велешко Дурутовец, денеска нов над село Џидимирци

Објавено на 7 август, 2021 во 15:15

Четворица пожарникари со едно противпожарно возило на ТППЕ Велес, нивни колеги од Скопје со противпожарни возила, по четворица работници на ШС „Бабуна“ и на ШС„Караџица“ од Скопје се на лице место и учествуваат во гаснењето на пожарот којшто се распламна денеска на пладне помеѓу селата Џидимирци и Крушје во велешко.

Пламените јазици, до 15 часот,проголтале еден ипол километар сува трева и нискостеблеста дабова шума.

Во локализирањето на пожарот учествуваат, исто така, пожарникари и шумарски работници од светиниколска страна бидејќи ветерот огнот го носи во правец на светиниколско Кадрифаково. Таму е вклучена и механизација која одорува земјена површина со цел да го запре ширењето на огнот.

Пламените јазици зафатија дел од шумата над Џидимирци што се простира на површина од скоро 900 хектари.

Овие села се наоѓаат на тромеѓјето на општините Велес, Свети Николе и Петровец.

Според информациите на ЦУК ветерот не е сојузник туку сериозен противник на сите учесници во гаснењето на пожарот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.