Традиционална летна крводарителска акција и годинава во Велес

Објавено на 11 август, 2021 во 13:37

Општинската организација Црвен Крст од Велес ги поканува сите граѓани коишто сакаат да дадат придонес за јавното здравје да земат учество на традиционалната летна крводарителска акција. Акцијата е отворена  за сите заинтересирани граѓани коишто имаат желба преку дарувaната крв да спасат човечки животи.

-Крводарителството е врвен чин на хуманост, не е поврзано со ковид-19 и е сосема безбедно. Биди хуман, дарувај крв и спаси нечиј живот, стои во соопштението на Општинската организација Црвен Крст Велес.

Летната крводарителска акција ќе се одржи во просториите на Ликовен салон во Велес на 15 и 16 август, недела и понеделник. Ќе започне во  07:30 и ќе трае до 14:30 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.