Традиционална летна крводарителска акција и годинава во Велес
Објавено на 11 август, 2021 во 13:37
Општинската организација Црвен Крст од Велес ги поканува сите граѓани коишто сакаат да дадат придонес за јавното здравје да земат учество на традиционалната летна крводарителска акција. Акцијата е отворена за сите заинтересирани граѓани коишто имаат желба преку дарувaната крв да спасат човечки животи.
-Крводарителството е врвен чин на хуманост, не е поврзано со ковид-19 и е сосема безбедно. Биди хуман, дарувај крв и спаси нечиј живот, стои во соопштението на Општинската организација Црвен Крст Велес.
Летната крводарителска акција ќе се одржи во просториите на Ликовен салон во Велес на 15 и 16 август, недела и понеделник. Ќе започне во 07:30 и ќе трае до 14:30 часот.
Стефани Манева