Полицијата поднесе известување до Обвинителството против трите малолетнички кои тепаа врсничка во училиштето во Неготино
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години сите три од Неготино, ученички во Основно училиште “Гоце Делчев”, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство“, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ.
Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година, при што, физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и и нанеле телесни повреди.
„„Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ. Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување “SOS”, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува,“ соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./У.Ј
