Во Тетово сите 116 хоспитализирани пациенти се на кислородна поддршка
Објавено на 30 август, 2021 во 13:19
Изминатите 24 часа во тетовската болница две лица на 56 и 86 години починале од КОВИД, а сите болни кои се хоспитализирани се на кислородна поддршка.
-Имаме вкупно 116 хоспитализирани луѓе и сите на се кислородна поддршка. Речиси сите се невакцинирани, односно само шестмина примиле само по една доза. Јас би ги замолила сите да се вакцинираат, ова е единствен начин да се заштитиме од оваа пандемија. Сите овие изминаите денови имаме смртни случаи, информира Миранда Пајазити од КОВИД-центарот, пренесува МИА.