Повреден мигрант што се обидел да се качи на товарен воз на железничка станица Криволак
Објавено на 31 август, 2021 во 13:39
Незгодата се слуила 25 минути по полноќ на 31 август, кога Р.О од Авганистан се обидел да се качи на товарен воз во близина на железничката станица Криволак. Повредениот мигрант се обидел да се качи на возот што веќе сообраќал кон Скопје на железничката линија и на тој начин тешко се повредил.
Мигрантот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
На местото на незгодата увид направила екипа на Полициска станица Неготино.
Стефани Манева