Скопјани од денеска се возат со „Градски воз“, велешани извисија уште пред девет години
Објавено: 2 септември, 2026, во 14:51 часот
„Велес нема и не ќе може да има метро, но зошто со сообраќање на локални возови од Чашка низ Велес до Градско и Лозово, повеќе пати и во два правци, не се решава сообраќајната џунгла на велешкиот асфалт“, ги прашаа новинарите кандидатите за градоначалник во изборната кампања за локалните избори уште во 2017 година.
Иницијатива за добивање дозвола до Национални железници поднесе тогашниот градоначалник Аце Коцевски. Но велешани извисија бидејќи пред девет години националното јавно претпријатие излезе со став дека железничката пруга Скопје – Велес има меѓународен карактер и по неа неможат да сообраќаат голем број на локални возови.
Целта беше да се растовари гужвата на велешкиот асвалт со тоа што пред железничките премини, особено во централното градско подрачје, би се поставиле постојки за влез и излез на патниците додека Национални железници би имале поголем број на патници. И второ, за граѓаните поевтино би било патувањето како низ Велес така и до соседните општини.
Девет години подоцна, скопјани од денеска се возат со „Градски воз“ и македонската метропола доби можност да ја решава сообраќајната џунгла на скопскиот асвалт. Велешани ќе треба да чекаат или можеби побрзо ќе добијат можност!
Убавка Јаневска


