Билката на мудроста – шафран, во исхраната
Шпанија и Иран се најголемите производители на зачинот шафран. Лековита билка која се користи во исхраната, а во историјата се памети како растение на мудроста и богатството. Има црвеникава нијанса, а вашето јадење ќе го обои во жолто.
Како лековити делови се користат исушените жигови со столпчиња од цветовите на шафранот. Во поглед на хемискиот состав, шафранот содржи жолти пигменти деривати на кроцетин што припаѓаат на групата на каротеноидите, горчливи супстанци како што е пикроцетинот и арома супстанца шафранал.
Шафранот нeма правилно стебло: шeст венечни ливчиња, венечен цвет, заедно со две тесни ливчиња, растат од подземна луковица. Ливчињата се наслонети кон земјата и на неколку центиметри од тлото, се шират на лево. Ваквата градба на цветот, без изразени поделби на цветните чашки и круна, во ботаниката се нарекува перигон. Толчникот кај сите шафрани е златнопортокалова боја и најчесто, има истобојни прашници. На врвот од толчникот се наоѓа жиг или нишка (Croci stigmata), органели чија задача е да се прилагодат на поленовите зрна. Жиговите и денес се користат како исушен зачин и за бојадисување на намирниците, посебно колачи, а се користат и во медицината.