Кои симптоми ги имате при срцеви аритмии и што треба да сторите?
Објавено на 7 септември, 2021 во 16:16
Во секојдневниот живот може да зебележиме повремени и изолирани срцеви аритмии, по правило без опасна појава ,но може да доведат до трајни последици. Како да ги препознаеме?
Во случај на тахикардија или забрзано срцево чукање се случуваат:
- зачестени срцеви палпитации, опишани како тегобно чувство и свест коишто може да се почувствуваат како силен пулс на вратот, треперење, шумење, чукање или забрзано тропање на градите
- тегобно чувство на градите, слабост, несоница, потење , отежнато дишење, збунетост или втроглавица
Во случај брадикардија или неприродно забавен ритам на срцевите отчукувања чувствуваме:
- умор, отежнато дишење, вртогалвица или губење на свеста
Потребно е да се обратите на лекар
- ако често имате тегоби на срцето
- секоја долготрајна или посилна срцева аритмија треба детално да се испита и да се утврди природата на нарушувањето
Божана Ќулафкова