Четириесет и двајца ковид пациенти во Општа болница Велес

Објавено на 22 септември, 2021 во 19:50

На двете одделенија, Инфективно и Интерно, како и во модуларната болница во Велес денеска вкупно се хоспитализирани 53 пациенти. Од нив  42 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 25 пациенти.

-На Инфективно се лекуваат 30, во Модуларна болница 19 и на Интерно одделение четворица пациенти, рече д-р Елеонора Јованова портпарол на болницата.

Денеска испишани се девет пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.

И денеска во Велес двоцифрен е бројот на регистрирани нови случаи на ковид-19 поточно 20. Со нив бројот на активни случаи изнесува 297 од досега заболени 6.077 случаи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.