На радар фатен возач кој возел со 219 километар на час

Објавено на 23 септември, 2021 во 10:32

Во текот на вчерашниот ден, 22 септември,  Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 256 возачи.

Од нив, 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

Според објавената фотографија од стрна на МВР, на радар е забележан возач кој возел со  219 километар на час.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.