Препознајте симптоми на срцев удар
Долготрајна болка што предизвикува чувство на кинење, стегање или жештина во градите , болката може да се прошири на вратот, едната или двете раце и вилицата како и задишаност ,мачнина, втроглавица, треска, потење, ослабен пулс и несвестица се симптоми на срцев удар.
ОБРАТЕТЕ СЕ НА ЛЕКАР
-Ако вие или човекот кој е со вас има симптоми на срцев удар, веднаш побарјте брза лекарска помош.
-Ако боледувате од ангина пекторис (болка во градите) и ако болката не престанува иако сте земале лек.
-Ако вашите напади на ангина пекторис се зачестени и подолги и потешки.
-Ако пиете ацетилсалицилна киселина (аспирин) за спречување на срцев удар, а вашиот измет е црн или има катранест изглед. Аспиринот може премногу да ја разреди крвта што преставува нарушување кое мора да се лекува.
ЛЕКУВАЊЕ
Срцевиот удар е заболување кое бара итно конвенционално лекување . Алтернативаната медицина неможе да се споредува со стандардните лекови и итни хирушки зафати во текот на првата , најризчна фаза на нападот, но затоа е многу успешна во превенцијата и во текот на закрепнувањето на пациентот.
ПРЕВЕНЦИЈА
– Одржувајте ги врските со пријателите и семејството зашто луѓето кои имаат слаби социјални врски се многу по подложни на срцев удар
– Направете соодветна промена во исхраната
– Одете редовно на контроли
– Консултирајте се со лекар за земање на аспирин секојдневно зашто тоа секојдневно го намалува ризикот од срцев удар
– Чувајте домашно милениче .Сопстевниците на миленичиња по правило побрзо оздравуваат ,поради намалување на стресот.
Божана Ќулафкова