Екипата на „Тим Локомотива“ од Градско ја извојува првата победа во второлигашката конкуренција
Објавено на 27 септември, 2021 во 11:01
Во натпревар од петото коло совладана е екипата на „Братство“ од Житоше со резултат 1:0. Стрелец на голот е Бесмир Даци во 90 тата минута.
Диме Тодоровски, шефот на стручниот штаб на „Локомотива“ задоволен е од победата и трите бода но не и од ефикасноста.
-Напаѓавме 90 минути, промашивме многу шанси, не погодувавме и од непосредна близина. Гостите се бранеа со сите играчи, играа класичен бункер, симулираа повреди, го задржуваа времето. Сепак правдата е задоволена во последен момент. Добро е што создававме шанси а стрелците ќе мора да „проработат“. Имаме игра но ќе мора да се работи на реализацијата, додаде Тодоровски по натпреварот.
Натпреварот се играше на домашен терен, во населбата Градско.
Лазар Лазаровски