Пациент заразен со коронавирус избегал од модуларната болница во Штип
Објавено на 27 септември, 2021 во 14:09
Вчера 84-годишен пациент заразен со Ковид 19 избегал од модуларната болница во Штип.
-На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата, велат од МВР.