Џејми Оливер ослабел 13 килограми: Ова е тајната на неговиот успех
Џејми Оливер е омилен ТВ готвач за многумина, кој се појави на малите екрани пред повеќе од 20 години како слаб млад човек желен за успех и добра храна.
Харизматичниот готвач неодамна призна дека за време на карантинот се свртел кон нездравите навики во исхраната, поради што брзо се здебелил 13 килограми.
Оливер, кој има пет деца, ги променил навиките на своето и на семејството кога е во прашање исхраната, и за кратко време изгубил речиси сите килограми, кои ги „добил“ претходната година и половина.
– Не следев строга диета, само го заменив месото со големи порции зеленчук. Тоа дава извонреден ефект: не сте гладни, доволно сте јаделе, но не јадете храна што е проблематична. Интересно е што јадев дури и повеќе отколку порано, – открива славниот готвач.
За време на карантинот, Џејми сними емисии, во кои ги вклучи сопругата Џил и петте деца, и како што вели, воведе повеќе зеленчук во неговата исхрана заедно со нив.
– Моите деца јадат на ист начин, а јас ги преполовив порциите од друга храна за себе. Јадев и многу јаткасти плодови кои се одлични за срцето, а во исхраната вклучив и алги, кои се навистина моќни кога сакате да ослабите – откри Џејми.
Покрај здравата исхрана, Џејми воспоставил ритам на спиење, посетувал теретана и секојдневно одел на долги прошетки во природа.