Во велешка болница се лекуваат 50 ковид пациенти
Објавено на 8 октомври, 2021 во 12:42
Во Општа болница Велес хоспитализирани се 50 пациенти од кои 30 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и 18 пациенти со негативен тест но задржани на болница лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 30, на Интерно одделение осум и во Модуларна болница 12 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се 22 пациенти.
Во текот на денот испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева