Сончево со мала до умерена облачност, од сабота заладување
Објавено: 19 октомври, 2021, во 09:14 часот
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од два до девет, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток. Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат oд сабота.


