МВР го расветлува грабежот што вчера вечер се случи во маркет во Велес
Објавено на 24 октомври, 2021 во 11:48
Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера вечер во Велес се случил грабеж во маркет на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес. Грабежот се случил околу 21.00 часот.
Тогаш една од вработените продавачки во маркетот пријавила во СВР Велес дека со вперен пиштол во неа, лице со фантомска на главата, ја принудило да го даде дневниот промет од касата во маркетот.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ соопштија од МВР.
Убавка Јаневска