Жена почина од Ковид-19 во велешка болница
Осумдесет и две годишна жена од село Мустафино кај Свети Николепочина во изминатите 24 часа од коронавирус во Модуларна болница на ЈЗУ Општа болница Велес.
Денеска во болницата од Ковид-19 се лекуваат вкупно 41 од кои 30 пациенти се потврдени со ПЦР тестови додека двајца не се потврдени. На кислородна поддршка се половина од болните. Во болницата има и девет пациенти кои се со негативни но ним сеуште им треба здравствена помош и нега.
-Во изминатите 24 часа по примените нови пет пациенти,од кои тројца на Инфективно и двајца во Модуларна болница, денеска вкупниот број на пациенти кои се лекуваат во болницата по одделенија изнесува на Инфективно 22, во Модуларна болница 15 и на Интерно одделение во „Б“ оддел четворица пациенти, рече потпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во изминатите 24 часа од болницата е испишан еден пациент.
Убавка Јаневска