Меѓународен турнир во борење, слободен стил, “Љубомир Коцев Листон“ во Велес, домаќините најдобри (ФОТО)

Објавено на 6 ноември, 2021 во 17:41

Во организација на Железничарскиот борачки клуб „Борец“ во спортската сала “Гемиџии” во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во борење слободен стил “Љубомир Коцев Листон“.

За најдобар борач е прогласен  Ердин Зејнелов преставник на „Борец“ во категоријата до 66 кг додека за најдобар техничар,неговиот брат Полат Зејнелов во категорија до 46 кг.

Игор Мицевски тренерот во ЖБК „Борец“ е задоволен од  целиот настан.

-Одличен турнир, беспрекорно организиран на кој настапија 94 борачи, во машка и во женска конкуренција, во категориите пионери и кадети. Учество земаа сите екипи од државата и како меѓународни гости борачите на „Качаник“ од Косово. Жалам што заради актуелната ситуација поврзана со ковид пандемијата не пристигнаа спортистите од другите најавени држави. Одлично е што се почитуваа сите здравствени мерки и што се помина во најдобар ред, додаде Мицевски.

По повод 60 години борење во Велес и постоење на клубот беа доделени признанија на поединци и институции за допринос во развојот на борењето во градот.

На легендата на велешкото борење, Ангел Мицевски – Скакар, му беше доделена дијамантска плакета како благодарност за се што овој поранешен врвен борач и сега спортски ветеран го вложи и направи за развој како и за афирмација на боречкиот спорт во родниот град, во државата и во странство.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.