Две жртви на Ковид-19 во велешка болница и еден маж транспортиран во „Жан Митрев“

Објавено на 12 ноември, 2021 во 11:01

Починати се двајца мажи, едниот на седумдесет и три годишна возраст од село Горно Оризари и другиот на осумдесет годишна возраст од Велес.

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 56 ковид пациенти од кои потврдени позитивни со PCR тест се 37 пациенти, пет пациенти се сомнителни и четиринаесет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Примени се тројца пациенти од кои еден во Модуларна болница и двајца пациенти на Инфективно одделение. Во текот на денот испишани се двајца пациенти како оздравени со еден негативен тест, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На континуирана кислородна поддршка се 23 ковид пациенти.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 27 пациенти, на Интерно одделение осум пациенти и во Модуларна болница 21 ковид пациенти.

Транспортиран еден маж на 46 годишна возраст во Приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.