Антон Јовиќ поднесе оставката на функцијата директор на ЈКП „Дервен“ во Велес
Во текот на вчерашниот ден во архивата на Општина Велес поднесена е оставка од директорот на велешкото комунално претпријатие „Дервен“, Антон Јовиќ. Оставката во писмена форма е упатена до градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев. Именувањето и разрешувањето на директори на јавни претпријатија ,на училишта и на локални институции се во надлежност на Градоначалникот.
За Дума.мк директорот, во оставка, на ЈКП„Дервен“, Антон Јовиќ ја потврди информацијата. Тој додаде дека оставката ја дал од лични причини бидејќи преферирал да и се посвети на професијата поточно биохемијата како дел од тимот вработени во Филтерна станица на ЈКП„Дервен“ во Велес од каде што дојде на директорското место.
Јовиќ беше именуван за директор на ЈКП „Дервен“ пред 20 месеци како внатрешно кадровско решение. Тој зад себе има 28 годишно инжинерско работно искуство од кое 11 години како раководител на Филтерна станица.
Негова професионална преокупација беа проектите за осовременување на водоснабдителни системи и за третман на водата за пиење.
Убавка Јаневска