Минималната плата во Германија ќе порасне за 25 отсто
Германија планира да ја зголеми минималната плата во земјата. Ова стана јасно откако три политички партии се договорија следната недела да формираат нова влада. На чело треба да биде социјалдемократот Олаф Шолц, кој ќе ја наследи Ангела Меркел на канцеларската позиција, пишува Си-Ен-Ен.
Мерката за зголемување на платите ќе влијае на речиси 2 милиони вработени во најголемата европска економија. Земјата планира да ја зголеми минималната плата, која сега е 9,60 евра на час, на 12 евра на час.
Околу 5 отсто од работниците во земјава се на минимална плата, вели економистот на ING, Карстен Брзески.
Ова не е прва идеја да се зголеми минималната стапка, која беше зголемена на 10,45 евра на час, но мерката стапува на сила во јули 2022 година. Во текстот на коалицискиот договор не е прецизирано кога ќе стапи на сила големото зголемување.
Според економистот на UBS, Феликс Хафнер, мерката треба да го „охрабри целокупниот раст на платите“ во германската економија.
Германската централна банка ја критикуваше одлуката и рече дека е „алармантна“.