Д-р Ѓоргиевски препорачува: Една чашка ракија за поздраво срце

Објавено на 3 декември, 2021 во 15:12

Долги се дилемите и препирките околу влијанието на консумацијата на алкохолот врз кардиоваскуларното здравје. Но што од овие претпоставки навистина имаат научна основа.

Последниве дваесетина години се подготвувани голем број научни студии за дејството и дозата на алкохолот врз кардиоваскуларен систем. Имено студиите покажаа дека мора многу внимателно да се вагаат бенефитите од ефектите на алкохолот во однос на последиците врз психичкото здравје.

Но каков е  навистина ефектот на алкохолот врз кардиоваскуларниот систем

Имено кога ќе ги прочитаме студиите за дејството на алкохолот во нив е забележано дека алкохолот има поволен ефект врз кардиоваскуларниот систем. Сепак бенефитиот се опишува со така наречена Ј крива.

Што значи Ј крива?

При употреба на 50 ml жесток алкохол (40 %) или една чаша црно вино (алкохол 10%) е забележано намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања но со земање на втората чаша ризикот се враќа на истотото ниво како предходниот и се губи оној почетен бенефит од едната чашка. Сепак веќе со употребата на третата чашка ризикот расте и станува многу поголем од почетниот. Затоа препораката е да се зема една но две чашки жесток алкохол дневно или една чаша Црно вино . Сепак внимателно околу степенот на алкохолност на ракијата затоа што во Велес традицијата налага да се произведува овој вид на алкохол со присутност на 50% алкохол. Спореденот со претходното една чашка велешка ракија е многу во споредба со пропишаната концентрација на алкохол за којашто претходно пишуваме.

Каков е ефектот врз покачениот крвен притисок

Со употреба на две чашки на алкохол не е забележан сериозен ефект врз крвниот притисок. Имено точна е констатацијата дека алкохолот е вазодилатадор (ги шири крвните садови) но сепак неговите метаболити доведуваат до стеснување на крвните садови и со тоа алкохолот минимално а во суштина влијае врз покачувањето на крвниот притисок. Додека со  употребата на 4 до 5 чашки жесток алкохол се создава транзиторно покачување на крвниот притисок.

Затоа ќе препорачам  дека безбедно е но и полезно земањето на една чашка ракија или една чаша вино и внимавајте, секоја наредна, го зголемува ризикот од мозочен удар и инфаркт.

Д-р Атанас Ѓоргиевски специјалист кардиолог

моб.тел.број 070 324 903

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.