На територија на СВР Велес се вози брзо, казнети 32 возачи
Објавено на 10 јануари, 2022 во 09:58
На територија на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 9 јануари, била спроведена дванаесет часовна акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
Полициски службеници од 08:00 до 20:00 часот, санкционирале 32 возачи. Од нив еден ја пречекорил брзината во населено место додека останатите 31 надвор од населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, стои во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот како и да придонесат за посигурни патишта.
Стефани Манева