Во велешка болница девет пациенти на кислородна поддршка

Објавено на 13 јануари, 2022 во 13:22

Дваесет и шест ковид пациенти се лекуваат во ЈЗУ Општа болница Велес од кои 16 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се пет пациенти од кои тројца се префрлени од Интерно Б одделение.

-На Инфективно одделение се лекуваат 20 ковид пациенти и на Интерно Б одделение шест пациенти. Во болница има 30 слободни болнички кревети, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се девет пациенти.

Во изминатото деноноќие од болничко лекување испишани се двајца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.