Среда, Богојавление, неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Објавено на 14 јануари, 2022 во 15:35

Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството воедно им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.