Фудбалерите на „Борец“ заминаа на подготовки во Анталија
Триесет фудбалери и членови на стручниот штаб заминаа за Турција на 12 дневни подготовки во Анталија каде постојат инзворедни услови за тренинзи во овој период од годината. Покрај постоечкиот играчки состав на екипата и се приклучи новото засилување Ракип Октај, како позајмен играч од „Шкендија“.
Во Анталија се и четирите странски играчи со кои се преговара за трансфер во „Борец“. Ако тие ги задоволат критериумите ке следи потпишување на договори. И стручниот штаб се засили со Гордан Здравков, прославеното име на македонскиот фудбал, кој покрај богатата фудбалска кариера се докажа и како тренер на повеќе екипи во земјава.
Додека траат подготовките во Анталија, фудбалерите на велешки „Борец“ ќе одиграат и три договорени контролни пријателски средби со екипи кои во моментов се исто така на подготовки во Турција.
Лазар Лазаровски