Оптимист во тешки времиња, можете да останете!
Си ги поставувате прашањата дали сте доволно добри во вашата работа, дали компанијата ќе успее и што ќе се случи доколку не успеете? Почнувате да се чувствувате лошо обземени од овие прашања, мислејќи дека ништо не ви оди од рака. Но, кога ќе го совладате тешкото време, излегувате посилни отколку што може да си замислите. Овие неколку совети од Inc.com ќе ви помогнат да ја задржите вербата во себе и да се движите напред кога сте на работ од откажување.
Чувствувајте ја тежината, на сомнежот гледајте позитивно
Дозволете си да ја чувствувате тежината. Не одете против себе борејќи се да го искоренете чувството на тежина и негативни емоции. Сомнежот и скептицизмот нека не ве парализира. Умерената доза на сомнеж нè тера да ги провериме своите верувања и идеи од почеток.
Бидете активни
Физичката активност е патот до опуштањето на негативните мисли, како и откривање на нови начини да се справите со стресот. Можете да пешачите дваесетина минути, тоа добро ќе влијае на вашето расположение.
Држете се до вашите убедувања
Во што верувате? Знаејќи го одговорот на ова прашање и придржувањето до вашите вредности ќе ви помогне да останете фокусирани. Вашите убедувања нека бидат водич што ќе ве одржат во тешките времиња.
Извлечете го доброто од ова искуство
Секое искуство е можност за учење. Победите се возбудливи, но треба да се учи и од предизвиците и грешките. Кога ќе се чувстувате фрустрирано, запрашајте се што може да научите од тоа искуство.