Дијабетес нега – Важна е негата на стапалата (Аудио)

Објавено на 27 јануари, 2022 во 12:17

Ако боледувате од шеќерна болест, стапалата ви се Ахилова пета, кажано сликовито.

Причината за тоа е што оштетувањето на нервите поради дијабетската невропатија може да го умртви вашето забележување на болката и да се овозможи од повредите како плускавици да се развијат тешки инфекции пред и да забележите дека нешто не е во ред.

Дијабетичарите мора внимателно да ги прегледуваат стапалата секој ден, барајќи црвени точки, модринки, исеченици, меурчиња, т.е. плускавици, отоци или било какви знаци на инфекција.

Внимавајте на местата со сува кожа, која може да испука и да овозможи наезда на бактерии и габи.

Сечете ги ноктите на нозете рамно за да одбегнете  сраснување на ноктите.

Носете удобни чевли и немојте да се изложувате на опасност од повреди на стапалата, одејќи боси или носејќи сандали.

Божана Ќулавкова  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.