Кај велешанец пронајдени хероин и амфетамин
Објавено на 15 март, 2022 во 13:14
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, го лишеле од слобода триесет и едно годишниот М.А од Велес кај кого биле пронајдени и одземени хероин и амфетамин.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева