Нов пораз на ФК„Борец“, овој пат од ФК „Шкупи“

Објавено на 11 април, 2022 во 10:39
Фото: Архива на Дума.мк

Се одигра 27 коло на првата фудбалска лига. Велешки „Борец“ на гостувањето во Скопје претрпе пораз од водечката екипа во лигата „Шкупи“ со резултат 3 : 1. Иако велешани одиграа добро, прикажаа допадлив фудбал не беа во можност да направат изненадување над фаворизираниот домашен состав.

ФК„Шкупи“ поведе во 18 минута со голот на Сенгор за три минути подоцна да постигне автогол и му донесе израмнување на „Борец“. Нерешениот резултат се промени во 67 минута кога фудбалерот Адетунџи повторно го доведе „Шкупи“ во водство. Конечниот резултат на натпреварот го постави фудбалерот Маргвелашавили.

Симптоматично е што сите три гола „Борец“ ги прими по прекин инаку во поле се играше добро со многу трчање ,но сепак велешани немаа сили да му се спротистават на интернационалниот домашен состав.                                                                                                     

 Лазар Лазаровски                                                      

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.