Инфлацијата во Германија на рекордно ниво
Објавено на 12 април, 2022 во 12:46
Зголемувањето на цените на енергенсите поради украинската криза значително ги зголеми трошоците за живот во Германија, која се соочува со рекордна инфлација.
Инфлацијата достигна 7,3 отсто во март, што е највисоко ниво од 1981 година, објави германскиот завод за статистика.
„Така, инфлацијата во март достигна ново рекордно ниво кое не е забележано од обединувањето на Германија“, се вели во соопштението.