Се ограничува масовното купување зејтин во пакети или палети

Објавено на 14 април, 2022 во 10:08

Од денеска почна да важи одлуката за продажба на ограничено количество на сончогледово масло во продавниците.

Трговците треба да определат количество на масло кое смее да го купи еден потрошувач и се препорачува ограничување на купување неколку шишиња без можност за купување цели пакети или палети зејтин.

-Не треба да се продаваат шишиња масло за јадење во пакети или палети по маркетите или кај трговците на мало. Се утврдени такви случаи. Не верувам дека овие количини се купуваат за самостојна потреба или потреба на домаќинство, туку за продажба или за да се извезуваат надвор на државата. Само на територијата на Струга и Охрид имаме три пати поголема потрошувачка отколку што сме имале порано, кажа министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши појасни дека во известувањето до сите економски субјеки што продаваат е наведено дека сите трговци, ако во случај има побарувачка за масовно купување зејтин, треба веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат за да ги презеде соодветните мерки.

-Ние не наредуваме, само сакаме да се спроведуваат законите. Во делот на продажбата на зејтин, ние пративме известување и препорачуваме на маркетите и трговците да продаваат согласно просекот на продажба колку е потребно на едно домаќинство. Просекот значи дека едно домаќинство троши максимум три литри масло за јадење месечно. Тие се податоци од Заводот за статистика. Се знае
Мерката за ограничување ќе трае до 31-ви мај. За нејзина примена, контрола ќе врши пазарната инспекција.

Трговците на мало доколку забележат муштерии кои сакаат да купат поголемо количество на масло за јадење треба да ја алармираат и известат инспекцијата, стои во одлуката потпишана пд министерот за економија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.