Откриен нелегален превозник на мигранти кај демиркаписките тунели

Објавено на 10 октомври, 2018 во 09:55

migranti fin fin

Кај тунелите на автопатот Демир Капија – Неготино, во вторник на 9 октомври, во 6 часот утрината, полицијата запрела патнички автомобил марка „Ауди“со бугарски национални ознаки во кој се откриени 10 лица, државјани на Република Пакистан.

Тие влегле на илегален начин во Република Македонија.

Патничкиот автомобил во кој се откриени илегалните мигранти бил управуван од лицето Д.Д.(37) од Скопје.

-Возачот на автомобилот е приведено и задржано во Полициската станица од општа надлежност во Неготино. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава до Основен суд – Неготино, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.