По петти пат велосипедска тура на Фестивалот на пити и вино

Објавено: 21 октомври, 2018, во 19:57 часот

Velosipedisti1 fin

Патеката долга 47,9 км, за 10 км подолга од изминатите години, возеа денеска околу 300 велосипедисти учесници на турата што се организира по петти пат рамките на Фестивалот на велешка пита и вино.

Стартот беше на плоштад Сармаале.

Велосипедистите од Македонија со гостите од Грција и Украина возаа низ велешките села Раштани, Белештевица, Сопот, Сујаклари и Башино село, ги посетија винариите “Шато Сопот и “Тристо” како и два манастири во Велешкиот регион.

Главна атракција на годинешната тура е возењето со велосипед на дрвен висечки мост.

Velosipedisti2 fin

Крајната цел на велосипедската тура исто така беше плоштад Сармаале.

Спортскиот настан го организираше здружението “Велес Бајкинг” со поддршка на Општина Велес./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.