Тракторист од Велес осомничен за напад врз полицајци
Осомничениот шеесет и три годишен велешанец во вторникот, 23 август, нападнал двајца полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес и им нанел телесни повреди. Управувајќи трактор тој не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полициските службеници и продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот по што полициските службеници го стигнале.
Кога еден од полициските службеници употребил светлечка палка СТОП и гласно опоменување кон трактористот да запре, тој свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директен кон полицаецот. Тој со тракторот удрил прво во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Кога тие се обиделе да го запрат тој продолжил да ги удира со боксови. Кога успеале да го совладаат, осомничениот велешанец им се заканил дека ќе го запаметат и дека ќе ги уништи и нив и нивните семејства
Основно јавно обвинителство Велес поведе постапка против шеесет и три годишниот велешанец за основано сомнение дека сторил две кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст.2 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.
„ Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, особено со оглед на упатените закани кон оштетените, јавниот обвинител достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор“, пишува во соопштението на ОЈО Велес.
Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
Стефани Манева