Роденденски афористички поздрав од велешкиот афористичар Коки ?
Тимот на Дума.мк му го честита роденденот на Коки и му посакува да биде жив, здрав и уште многу години да буди насмевки кај нас и нашите читатели со своите напишани афоризми. ? Исто така, Коки оваа недела доби роденденска честитка и од својата сопруга којашто посака соработката со нашиот портал да му продолжи и понатаму. ❤️
НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН КОКИ! ?
Во продолжение новите шест афоризми, уживајте: ?
-ТВ е прозорец кон светот, но останува нејасно зошто едни исти политичари постојано се наоѓаат на прозорецот.
-Убавите секретарки се како безвременските епски песни: се пренесуваат од колено на колено.
-Импотентните луѓе се во поголема предност од ќелавите, помалку се забележуваат.
-Со некои жени воопшто не е можен орален секс, кога ниту една минута не можат да молчат.
-Кога пиеше-го нарекуваа ноторен пијаница, кога љубеше-многумина говореа дека е ненаситен еротоман, кога почина: за него сите велеа дека тој знаеше како треба да се живее животот.
-Ако на љубовната средба резултатот е 0:0 значи дека никој не освоил бод.
Афористичар
Никола Бошков – Коки