Кавадарчанец извршил кражба додека бил на гости од домаќинот
Објавено на 25 ноември, 2022 во 12:13
Полициски службеници на ОВР Кавадарци на 24.11.2022 година во 09:10 часот извршиле службен разговор со Д.И од с.Возарци, кавадаречко.
Дваесет и шест годишниот Д.И се сомничи дека додека бил на гости кај четириесет и осум годишниот маж од с.Возарци, му го одзел паричникот со 65.000 денари и негови лични документи.
Личните документи и дел од одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Од Сектор за внатрешни работи Велес, информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.
Дума.мк