Тајната лежи тука – еве зошто Јапонија е земја на стогодишни луѓе  

Објавено на 29 ноември, 2022 во 10:27

Жителите на земјата на изгрејсонцето имаат најдолг животен век во светот. Жените живеат во просек 81 година, а мажите 78 години. Јапонците не се дебелеат лесно. Јапонија има најмал процент на срцеви удари, мозочни удари и малигни болести, најмалa смртност од коронавирусот.

Не се пресудни само гените, бидејќи кога се преселуваат на запад, почесто се разболуваат, исто како и западњаците. Тајната за добро здравје и долг живот е во исхраната.

Исхраната на жителите на Јапонија е избалансирана, хранлива и нискокалорична, базирана на риба и морски плодови. Рибата е богата со јод и омега-3 масни киселини.

Јодот е суштински минерал за одржување на добро здравје. Како основен елемент на хормоните на тироидната жлезда, тој влијае на повеќето метаболички процеси во организмот и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива.

Д-р Дејвид Дери рекол дека јодот е најдобар антибиотик и антивирусно средство. Во контекст на фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаленијата предизвикани од бактерии и вируси, тогаш ова е важна информација. Имено, на секои 17 минути крвта повторно циркулира низ ткивото на тироидната жлезда, во кое, доколку постои доволно количество јод, бактериите и вирусите ќе бидат уништени.

Човечкото тело не може да складира јод, па затоа е неопходно секојдневно да се внесува.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини. Не постои опасност од внесување премногу јод, бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е десет пати повеќе од препораките на СЗО.

Најдобри извори на јод се алгите и морската риба. Да го следиме примерот на Јапонците! Да го зголемиме внесот на јод преку храна и вода!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.