Го оживеа ликот на Шабан Шаулиќ: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ (видео)

Објавено на 5 декември, 2022 во 11:41

Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.

Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики, а понекогаш знае да се „среди“ и себеси.

По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа ЛисацРушка ЈакиќСеверинаЈелена КарлеушаЕва РасАнџелина ЏолиЛепа БренаАца Лукас и многу други ѕвезди шминкерот неодамна не изненади со уште една неверојатна трансформација.

Овој пат Стефан се трансформираше во познатиот хрватски музичар Шабан Шаулиќ. Кралот на народната музика настрада во сообраќајна несреќа во Германија, а тагата за еден од најдобрите вокали на народната музика и „човек кој еднаш се раѓа“, остана засекогаш.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.